Пожарникарите синоќа по полноќ вторпат го гаселе пожарот во подрумите во Аеродром

Од:

Скопската противпожарна бригада синоќа по полноќ повторно се вратила да го гаси пожарот во подрумите во зградата број 10 на улицата Владимир Комаров, преименувана во 23 Октомври. Вчера попладне 20 пожарникари со 7 возила го изгасија пожарот во подрумите, но неколку часа откако си заминале станарите повторно ги повикале.

„Интервениравме повторно, но немаше оган. Имаше испарувања од големата температура што се развила за време на пожарот. Станарите сега се исплашени и реагираат на секоја појава на чад. Наша екипа излезе на терен и интервенираше и за испарувањата“, изјави за „Макфакс“ Ѕвонко Томевски, командант на скопската противпожарна бригада.

За повторената интервенција утрово извести Министерството за внатрешни работи.

Станарите во зградата број 10 ноќта ја поминаа без струја. Очекуваат денеска да се завршат проверките на оштетувањата и поправките за да може да се пушти струја во зградата.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски