А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожарникарите од Ранковце за два дена интервенирале четири пати

by А1он09/09/2015 - 12:01319
Share0

Екипите на територијалната противпожарна единица од општина Ранковце изминатите два дена интервенирале четири пати, а двe од интервенциите биле на големиот пожар во селото Герман.

Добивај вести на вибер

Командирот на територијалната противпожарна единица од општина Ранковце, Раде Ивановски, информира дека во селото Герман два дена гаснеле пожар во Герман каде горела борова шума.

– Од човечко невнимание запалена беше борова шума во Герман каде за гасење на пожарот побаравме помош и од јавното претпријатие „Македонски шуми“, шумското стопанство „Осогово“ – Крива Паланка кои стопанисуваат со шумите во овој реон. Пожарот се разгоруваше повеќе пати, од ноќта на седми и денот, во понеделникот, а опожарени се вкупно 20 хектари бор и мала површина букова шума, изјави Ивановски.

Според него, причина за пожарот најверојатно е човечка негрижа, а полицијата работи на пронаоѓање на виновникот за пожарот.

– Имавме интервенции и во село Ветуница каде од спој на електрична инсталација се запали стрниште, а во село Псача се запали приватен објект-барака, како и  незначителна површина детелина, додаде Ивановски.

На територијата на општина Ранковце од почетокот на годината досега се случиле вкупно 35 пожари.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто