Пожарникари нападнати додека гаснеле запален автомобил

Од:

Татко и син нападнале двајца пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита додека им го гаснеле запалениот автомобил „БМВ“ на улицата „Исаија Мажовски“ во Скопје.

Како што информира МВР, синоќа околу 01:50 часот на З.В.(25) одеднаш му се опожарил предниот дел на патничкото возило „БМВ“ додека го стартувал, на само неколку метри од местото каде што бил паркиран. Од пожарот било зафатено и друго возило „Ауди“со скопски регистерски ознаки, сопственост на С.С.(41).

– Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е локализиран, а додека пожарникарите го гаснеле пожарот, З.В. и неговиот татко С.В.(49) физички нападнале двајца пожарникари. Тие се приведени, извршен е разговор со нив и по целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ