Пожарите во државата под контрола, продолжуваат акциите за гасење во Сарај и Центар Жупа

Од:

Надлежните институции и служби веќе две недели активно се справуваат со пожарите на повеќе локации во државата. Освен органите на државната управа во справување со пожарите се вклучени и странски експертски екипи за пожари.

Француските експерти во изминатите денови од блиску го следат пожарот кај село Раовиќ, во Општина Сарај, кој според Центарот за управување со кризи (ЦУК), е активен и после осумдневно активно постапување на домашните и странските хеликоптерските служби.

На помош на единиците на МВР и француските експерти вчера се приклучил и хеликоптер од Црна Гора, кој извршил 12 налета испуштајќи поголема количина на вода. За институциите главен проблем за целосно гасење на овој пожар претставува повеќеметарско одалечено повторно потпалување, односно тлење.

Друг поголем активен пожар во државата веќе втор ден има во околината на Општина Центар Жупа. Од овие причина денеска наутро во координација на Главниот штаб на ЦУК, ќе бидат активирани два хеликоптера, 40 припадници на Армијата, 30 припадници на специјалните полициски сили, 15 припадници на ЈП Национални шуми, како и две територијални против пожарни единици и еден тим на Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат во справувањето и ставањето под контрола.

Меѓу останатите, во тек на вчерашниот ден се ставени под контрола неколку други помали пожари, помеѓу селата Барово и Вешје, тој во близина на планинарскиот дом Китка, како и пожарите во Кратово и Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три