А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожари во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево

by А1он02/09/2015 - 17:39414
Share0

До 16:30 часот попладнево пожари се регистрирани во општините Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Добивај вести на вибер

Се уште е активен пожарот во општина Студеничани, кај селата Елово и Осинчани, каде гори мешана шума. На гасење на пожарот ангажирани се припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Скопје.

– Кај село Дејковец, општина Зелениково пожарот е се уште активен. Од последните информации од Подрачното одделение, имаме сознание дека противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување повторно се насочени за гасење на овој пожар, а во моментов на лице место се и вработените од Подрачното одделение, велат од ДЗС.

Во атарот на село Крапа, во Македонски Брод појавен е пожар на нискостеблеста шума и смрека. Пожарот е појавен во 09:45 часот. На терен се ангажирани две лица од Дирекцијата за заштита и спасување, три лица од ТППЕ и девет лица Шумско стопанство. Опожарена е површина од 15 хектари.

Во општина Свети Николе, кај село Гурганци на патот кон Куманово во 14:00 часот појавен е пожар каде е опожарена ниска трева со опасност да зафати и борова шума. На терен се ангажирани противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, како и вработените од подрачното одделение за заштита и спасување.
Во кичевската населба Горица појавен е пожар во 11:30 часот на стрниште. Пожарот е се уште активен и на негово гасење се ангажирани ТППЕ со едно возило и двајца пожарникари, информират од Дирекцијата за заштита и спасување.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто