Пожари во два стана, во Автокоманда и Аеродром

Од:

Два пожара избувнале ноќеска во станови во скопските населби Автокоманда и Аеродром. Повредени нема, причинети се само материјални штети.

Како што информира командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томвески за МИА, едниот пожар се случил меѓу 3:15 и 4:40 часот во бања во стан на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ број 8/7 во Автокоманда.

Зафатени биле шест метри квадратни површина, а интервенирале шест пожарникари со две возила. Штетата се проценува на 50.000 денари.

Вториот пожар, предизвикан од машина за перење, бил околу 4:40 – 5:15 часот, во стан на улицата „Трета македонска бригада“ број 47.

За гаснењето биле испратени четири пожарникари со едно возило. Зафатени биле два метра квадратни, а штетата е околу 15.000 денари.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче