Пожари кај Железничка, во Визбегово и во Сопиште

Од:

Центарот за управувњае со кризи (ЦУК) информира дека денеска, од 12:00 часот, пет пожарникари со две противпожарни возила интервенираат на пожар на неутврдена површина во атарот на селата Соње и Добри Дол, во Општина Сопиште.

Со пожарот е зафатена ниска вегетација. Од ЦУК нагласуваат дека во моментов ситуацијата е под контрола.

Скопските пожарникари денеска интервенираат и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички Пат, кај Визбегово.

Исто така, кај железничката и автобуската станица во Скопје информациите кои ги добиле во ЦУК се дека се работи за запалена сува трева помеѓу праговите на жекезничката пруга. На терен има екипи.

Дополнително низ земјава има уште осум активни пожари.

Би можело да ве интересира

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола

Нема активни пожари, а еден е под контрола – кај село Белица и Јасен

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он