Пожари беснеат во Скопско, Велешко и Македонски Брод

Од:

Во Македонија пожари беснеат на три локации, кај Македонски Брод, во Скопско и Велешко.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гори кај селата Црешнево и Белица, општина Македонски Брод. Зафатена е деградирана шума, а на терен се шест лица од шумското стопанство.

Деградирана шума гори и кај село Вражале, општина Зелениково. За гасење се ангажирани пет лица од шумското стопанство.

Пожарот во општина Чашка, кај село Долно Јаболчиште, што зафати шест хектари дабова, габрова и букова шума, се шири кон с.Горно Врановци и с.Горно Јаболчиште, а во неговото гасење е вклучен и еден хелихоптер на АРМ.

Локализиран е пожарот на потегот од с.Дреново до с.Лисиче во општина Чашка, а целосно се изгаснати пожарите кај липковското село Стрима, на Кожуф и кај скопското село Никиштани.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски