Пожар во живинарска фарма и работилница за столарија во Челопек

Од:

Околу педесет илјади евра штета претрпел Г.А.(49) од тетовското село Челопек откако минатата ноќ во 22 часот и 30 минути избувнал пожар во неговиот објект што половина бил мини живинарска фарма, а во другата половина се наоѓала работилница за столарија, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според информациите на полицијата, пожарот под се уште нејасни околности избувнал внатре во објектот целосно опожарувајќи ја неговата внатрешност и покривната конструкција. При тоа изгореле околу 2.000 кокошки од живинарската фарма како и инвентарот од работилницата, дрвниот материјал и сите алатки и машини меѓу кои имало фреза, циркулари, компресори, бор машини и друго, што, според, сопственикот чини над 50 илјади евра.

Во време на избувнувањето на огнената стихија немало никој во објектот така што нема повредени. Пожарот бил локализиран со интервенција на тетовската територијална противпожарна единица . Комплетен увид на местото од извршила екипа на полицијата и се работи на утврдување на причините и околностите за избувнувањето на пожарот, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија