А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Опожарена локомотивата на возoт Скопје – Кочани

by А1он15/01/2016 - 19:4916/01/2016 - 13:07137
Share0

Во движење се запалила локомотиавта на патничкиот воз Скопје – Кочани во близина на фабриката за месна индустрија МИК Свети Николе. Во возот имало околу 50 патници, од кои поголемиот број студенти од Штип и Кочани.

Добивај вести на вибер

Нема повредени патници, а полицијата врши увид на местото каде што е опожарена локомотивата на патничкиот воз, кој се движел по пругата кон Штип.

Пожарникарот Марјан Серафимов од Светниколската противпожарна единица вели дека повикот за пожарот го добиле околу 18 часот, а поради непристапниот терен пожарникарите морале околу 300 метри на рака да ги носат противпожарните апарати, а пет црева за дотур на вода биле донесени од кругот на фабриката МИК Свети Николе.

Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од искра при кочењето, при што била зафатена цистерната полна со нафта.

– Локомотивата гореше и ние моравме да се качиме на неа  и да ја изгаснеме. Пет пожарникари бевме на терен, за среќа нема повредени, изјави Серафимов.

Патниците навреме се евакуирале од возот.Ванчо Кировски родител на студент од Кочани вели дека патниците имале среќа поради присебноста на машиновозачот, кој навреме ги информирал да излезат од вагонот.

pozar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Горан Наумовски27/02/2026 - 18:33

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:10

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он21/02/2026 - 14:15

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен