Пожар во викендица во Теново, нема повредени

Од:

Материјална штета од околу шест илјади евра претрпел Б.З.(38) од пожарот што изминатата ноќ десетина минути по полноќ избувнал во неговата викендичка во Теново лоцирана во месноста „Барник“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Пожарот го пријавил братот на сопственикот М.З.(36). Со интервенција на тетовските пожарникари  огнот бил локализиран околу 2 часот и 30 минути.

– Во пожарот и при неговото гасење нема повредени, а според пријавителот вкупната материјална штета се проценува на 6000 евра бидејќи целосно изгорел објектот од приземје, кат и покрив како и комлетната покуќнина внатре – печка на дрва, две маси, тепих, комода, гарнитура, кревети, столчиња и друго . Во текот на денешниот ден ќе се изврши  увид и ќе се утврдува причината за пожарот и се друго, појасни Јосифовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени