Пожар во ТЕЦ Осломеј, термоелектраната е исклучена

Од:

Термоелектраната Осломеј синоќа е исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што довело до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел информираат од ЕСМ.

– Настанатиот пожар од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за запостапување. Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј. Застојот нема да предизвика недостаток на електрична енергија во системот, односно конзумот ќе биде задоволен преку другите производни капацитети се наведува во соопштението од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Блок 1 на РЕК Битола повторно е надвор од мрежа

Термоелектраната Осломеј повторно е исклучена

ТЕЦ Осломеј вклучен во електро-енергетскиот систем

ЕСМ: термоелектраните во Битола и Осломеј со 40% зголемено производство

Катерина Ѓуровски

Разрешни директорите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј

Катерина Ѓуровски

Еко свест: Екстремното загадување од електраните на јаглен продолжува

Катерина Ѓуровски