Пожар во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Од:

Огнените јазици утрово го зафатија студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид.

Предизвикана е материјална штета,а нема повредени лица.

Пожарот избувнал во пералната на објектот. Целосно се уништени две индустриски перални и две пегларки, како и голема количина постелнина.

Веднаш интервенираа три екипи на противпожарната единица од Охрид, при што пожарот е целосно локализиран, а лицата сместени во објектот безбедно беа евакуирани поради густиот чад во објектот.

Причина за пожарот најверојатно е заборавен вклучен електричен апарат.

Пред пренамената во студентски дом, објектот беше депанданс на хотелот „Палас“ во центарот на Охрид.

Во летните месеци овој објект се користи служи за сместување туристи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Пожар во Аланија, превентивно се евакуира населението

(ВИДЕО) Во Истанбул: Пожар го зафати покривот на Капали чаршија

Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се намали на 97

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Орце Костов

Речиси четири часа се гаси пожар во производствен објект на патот Тетово-Попова Шапка