Пожар во Старо Нагоричане, горел објект со огревни дрва, но и нискостеблеста шума

Од:

Пожарникарите од Старо Нагоричане вчера гаселе пожар на помошен објект полн со огревни дрва и трупци, кој потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце, соопштија денеска од РЦУК – Куманово.

– Пожарот е пријавен околу 15.30 часот. Го гасеа две екипи со две возила, првично беше локализиран во 19.30, а целосно изгаснат во 21.30 часот, кога се врати и последната екипа, изјави командирот на ТППЕ – Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Кумановската противпожарна единица, изминатово деноноќие гасела пожар во месноста „Ливади“ во населбата Карпош, каде горела сува трева и ѓубре.

Пожарникарите од Куманово интервенирале и на опожарен автомобил во село Романовце.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче