Пожар во стан во Ново Лисиче, причинета материјална штета

Од:

Пожар избувнал денеска во стан во скопската населба Ново Лисиче, на чие гаснење интервенирале три противпожарни возила.

-Опожарен е стан на првиот кат на булевар АСНОМ број 68. Интервенирано е со три противпожарни возила со 12 пожарникари. Не е дозволено проширување на пожарот на соседните станови. Навреме е направена евакуација. Нема повредени лица. Причинета е само материјална штета, изјави за МИА командирот на ППБ на Град Скопје Ѕвонко Томески.

Тој додаде дека е повикана екипа на полицијата за да ги утврди причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче