Пожар во скопското село Чашка

Од:

Пожарот кој избувна денеска во атарот на селото Чашка, општина Ѓорче Петров, се уште е активен. Гори борова и друга шума.

Како што соопшти општина Ѓорче Петров, првите дојави за пожарот до надлежните органи стигнале околу 12 часот. Во гаснење на пожарот се вклучени екипи на противпожарната едница Скопје, ПС Ѓорче Петров, вработени од ЈП „Македонски шуми“ и вработени од комуналните единици од општината. Во моментов во гаснење на пожарот се вклучени и авионите канадери.

– Сите присутни екипи што се излезени на терен се обидуваат да го локализираат пожарот, но поради променливиот ветер огнената стихија се појавува и на други места, соопшти општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени