Пожар во скопски Аеродром

Од:

Помал пожар вечерва изби во складиште за оштетени дрвени прагови од пруга, лоцирано во близина на касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром.

Како што информира Благоја Менковски, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, иако бил забележан густ чад се работи за мал пожар со незначителна штета.

– По дојавата за пожар веднаш испративме три противпожарни возила, но кога стигнавме на местото на настанот увидовме дека се работи за незначителен пожар и две возила веднаш повлековме во базата. Едно противпожарно возило остана на терен за да го локализира пожарот, изјави Менковски.

Тој посочи дека најверојатно станува збор за намерно подметнат пожар при кој само незаначително се оштетени складираните стари дрвени прагови.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје