Пожар во Штип, нема повредени

Од:

Пожар изби во зградата на старото Нервно одделение во Штип кадешто привремено се сместени семејства од социјално ранливите категории, главно од ромската заедница. Во пожарот нема повредени лица.

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Штип, Благоја Ренџов изјави дека пожарот е пријавен во 4:45 часот утринава кога е забележано дека гори кровот на зградата.

– Веднаш интервениравме со четири противпожарни возила и 12 пожарникари. Комплетно се изгорени седум простории, а седум успеавме да ги спасиме. За среќа, нема повредени лица од семејствата коишто се сместени во оваа зграда, истакна Ренџов.

Интервенцијата траела до 12 часот, а по извршениот увид од страна на полициските службеници ќе се утврди кои се причините што го предизвикале пожарот.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија