Пожар во село Лева Река, опожарена борова и дабова шума

Од:

Спој на електричен кабел вчера околу 16 часот предизвикал пожар на непристапен терен во атарот на ресенското село Лева Река. Огнот опожарил борова и дабова шума, а пожарот се ширел кон село Кривени, информираат од МВР.

Пожарот е се уште активен, а на место се излезени екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дел од месното население.

Се преземаат мерки за гаснење на пожарот, за што е информирана и Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче