Пожар во подрумски простории во Кавадарци, нема повредени

Од:

Пожар во подрумски простории од куќа во Кавадарци избувнал утринава околу пет часот. Повредени нема, а огнот бил локализиран околу десет часот.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информира дека интервенирале со две противпожарни возила и осум пожарникари. Помош имале и од противпожарната единица Неготино, како и од компаниите „Кожувчанка“ и „Фени“, по едно возило со по двајца пожарникари.

– Изгореа предметите во подрумот – дрва за огрев, дрвени гајби. Не дозволивме пламените јазици да се прошират на катот, така се помина само со исчадување во еден дел од него, рече Богевски.

Најверојатно, како што рече, пожарот избувнал поради запален оџак и искри излегле преку димниот канал, чиј почеток е во подрумот на куќата, којашто се наоѓа во централното градско подрачје кај џамијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он