Пожар во општина Зелениково

Од:

Пожар избувнал доцна попладнево на територијата на општина Зелениково во атарот на село Страхојадица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Пожарот веќе добива сериозни димензии затоа што веќе е навлезен во квалитетна шума, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Според ЦУК, локализиран е пожарот над Ајватовци, што беше активен од вчера откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак,

-Се работи на негово догаснување, хеликоптерите се повлекуваат од овој пожар, но за жал се појави нов пожар на територијата на општина Зелениково каде упатуваме армиски хеликоптер. Во догаснување на пожарот кај Ајватовци се вклучени скопската Противпожарна бригада како и тим на Дирекцијата за заштита и спасување составен од доброволци од доброволното друштво од Свети Николе, рече Ангелов.

Со интервенцијата од воздух е спречено проширување на пожарот кон манастирот над кој се наоѓа селото.

-Веќе нема опасност за манастирот и селото и верувам дека многу бргу пожарот ќе биде целосно изгаснат. Ќе се следи состојбата за да не дојде до негово повторно разгорување, посочи Ангелов.

Претходно од ЦУК соопштија дека пожар има и во атарот на Студеничани на непристапен терен.

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски