Пожар во напуштена куќа во близина на хотелот „Вип“ во Скопје

Од:

Две противпожарни возила со шест пожарникари се уште го гасат пожарот што утринава изби во напуштена куќа зад хотелот „Вип“ во близина на трговскиот центар „Ист гејт мол“, информира командирот на Противпожарна бригада на град Скопје Звонко Томески.

Пријавата била добиена околу осум часот, а пожарот, како што изјави Томески за МИА, се проширил на покривната конструкција. Засега нема информации за повредени лица.

-Ова е напуштена куќа во која ние неколку пати досега сме гаселе пожари. Најверојатно во неа престојуваат бездомни лица кои користат хартија за затоплување поради што дошло до опожарувањето, рече Томески.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија