А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во месноста Мусица кај Бушава Планина

by А1он25/12/2015 - 08:20180
Share0

Тимови на Дирекцијата за заштита и спасување од денеска ќе се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот на отворен простор кај месноста викана Мусица кај Бушава Планина, активен од вечерта на 19-ти овој месец.

Следете a1on на Instagram Instagram

ДЗС инфорира дека градоначалникот на Крушево вчера испратил  барање и веднаш биле мобилизирани тимови за брз одговор од општините Битола и Прилеп како и вработени во подрачните одделенија, но поради краткиот ден и специфичноста на просторот кој е зафатен, големо подрачје со поголем број жаришта, ќе интервенираат денеска во утринските часови.

– Вработените во Дирекцијата за заштита и спасување на терен ја следат состојбата и во случај да е потребно ќе бидат ангажирани дополнителни сили како и авионите за гасење на пожари на Дирекцијата за заштита и спасување, се вели во соопштението од ДЗС.

Според ДЗС, на почеток била запалена сува трева, папрат и ниски смреки, но пожарот се проширил на букова шума. Вработените во ПШС „Липа“ од Крушево, единици на територијалната противпожарна единица и локалната самоуправа во Крушево како и локални граѓани, се излезени на терен и се справуваат со пожарот, но поради големиот простор на опожарување не се во состојба брзо да се справат со него.

Следете a1on на Youtube YouTube
pozar

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он05/10/2026 - 10:4205/10/2026 - 11:09

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 16:46

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он22/09/2026 - 18:59

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:04

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски11/09/2026 - 13:5511/09/2026 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео