Пожар во Македонски Брод, гори борова шума

Од:

Два авиона и 56 припадници на тимовите за брз одговор се ангажирани за гаснење на пожарот во Македонски Брод. Зафатена е борова шума на непристапен терен каде се присутни и четири противпожарни возила, како и околу 20 лица од локалната самоуправа.

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека во гаснењето се вклучени и два хеликоптера на Министерството за одбрана.  „Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност и е подготвена во секој момент, ако има потреба, да ангажира тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче