Пожар во македонска црква во Мелбурн, свештеник бегајќи скокнал од првиот кат

Од:

Пожар избувнал денеска во 12:30 часот по австралиско време во макеоднската црква „Свети Никола“ во Престон, Мелбурн, во Австралија. Причинета е материјална штета, а повредени нема.

Единствено монахот Никодим Солунчев, кој во моментот на пожарот бил на првиот кат, барајќи спас од огнената стихија, скокнал од 3,5 метри во рацете на неколку полицајци кои му помогнале да остане неповреден. Монахот Никодим за австралиските медиуми изјавил дека им благодари на пожарникарите кои му го спасиле животот.

Македонскиот портал во Австралија „Falanga.com.au“ и австралискиот весник „The Аge“ пишуваат дека полициска патрола прва го забележала пожарот и повикала помош.

Претставникот полицијата во Мелбурн Демјан Коутс соопшти дека во спасувањето на монахот учествувале најмалку шест полицајци и пожарникари. Тие се обиделе да влезат по скалите, но имало многу чад кој доаѓал од опожарените просториите, поради што единствена опција била отец Никодим да скокне во нивните раце. И покрај скокот од 3,5 метри, монахот е спасен без ниедна гребнатинка, вели Коутс.

И покрај драматично спасување, отец Солунчев, учествувал на утринската богослужбата во Мил Парк.

Се претпоставува дека причина за пожарот е неисправна електрична инсталација.

Пожарот е изгаснат и според проценките причинета е материјална штета од над 100 илјади долари.

Фото: abc.net.au

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он