А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во куќа во тетовско, причинета само материјална штета

by А1он03/09/2015 - 15:43122
Share0

Околу 600 илјади денари штета претрпел Џ.З.(47) од тетовското село Ларце по пожарот што вчера попладне ја зафатил неговата куќа во селото. Според податоците на портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски пожарот од засега непознати причини избувнал околу 17 часот.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Пламени јазици најпрво ја зафатиле дрвената конструкција од покривот на куќата што бил покриен со ќерамиди а набрзо потоа се прошириле и во двете соби и ходникот на приземјето кои целосно изгореле како и комплетната покуќнина во нив.

Во пожарот за среќа нема повредени лица а со интервенција на тетовските пожарникари огнот по извесно време бил локализиран. Вкупната материјална штета, според проценките на сопственикот на куќата, изнесува околу 600 илјади денари рече Јосифовски.

Екипа на СВР Тетово денеска извршила увид на опожарениот објект и се работи на расветлување на причините и се друго поврзано со вчерашниот пожар.

Следете a1on на Youtube YouTube
pozar

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:04

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски11/09/2026 - 13:5511/09/2026 - 13:57

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски11/09/2026 - 09:5511/09/2026 - 09:57

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:08

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски08/09/2026 - 07:0708/09/2026 - 07:08

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on07/09/2026 - 17:1807/09/2026 - 17:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео