Пожар во куќа во Кавадарци, нема повредени

Од:

Пожар избувна денеска во куќа на улицата „Димката Ангелов-Габерот” во Кавадарци.

Според информациите од командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, пожарот го зафатил подрумскиот дел од објектот.

– Една просторија е изгорена, а другите се опожарени и исчадени. На лице место интервениравме со две противпожарни возила и тројца пожарникари. На помош ни дојдоа и две лица со едно противпожарно возило од компанијата „Кожувчанка”, рече Богевски.

Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче