А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во кривопаланечкото село Габар

by А1он16/09/2015 - 10:38233
Share0

Два хектара борова шума и сува трева изгореа во пожар во кривопаланечкото село Габар вчера попладне.

Добивај вести на вибер

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка Иле Коцевски информира дека во гасењето на пожарот учествувале шест пожарникари кои на терен излегле со две возила.

– Теренот беше тешко пристапен, а до местото на пожарот не можевме да пристапиме со возила, па нашите пожарникари го гаснеа рачно. Пожарот беше локализиран дури по час и половина од излегувањето на местото, а беше ликвидиран за околу два часа, изјави денеска Коцевски.

Во пожарот не е настаната голема материјална штета, но, според Коцевски, поради горливоста на материјалот и високите температури, на терен останала да дежура екипа од едно возило со четворица вработени од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Шумско стопанство „Осогово“, подружница од Крива Паланка.

Од почетокот на септември екипите на ТППЕ интервенирале на осум пожари на подрачјето на општина Крива Паланка, а изминатиот месец во општината се случиле 14 пожари.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто