Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Од:

Во СВР Скопје утрово, во 3:16 часот, било пријавено дека на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Општина Аеродром бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на Северна Македонија.

Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).

– Увидот е во тек и го вршат увидна екипа од СВР Скопје, Одделот за форензички испитувања при МВР и јавен обвинител, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје