Пожар во Јегуновце, изгорел помошен објект, три куќи делумно опожарени

Од:

Еден помошен објект целосно изгорел, а три куќи биле делумно опожарени во пожарот што околу 12 часот и 20 минути бил пријавен во тетовската Територијална противпожарна единица дека избувнал во Јегуновце, информираше нејзиниот командир Ука Алити.

Според неговите информации, тие интервенирале со три противпожарни возила и 10 пожарникари и на местото на пожарот стигнале за 25 минути од добиената пријава. Веднаш започнале со гасење и успеале преку покривите од куќите да ги спасат од целосно опожарување, меѓутоа помошниот објект целосно изгорел.

Според Алити, пламените јазици се појавиле токму во помошниот објект и се прошириле на куќите и само со пожртвувана интервенција на пожарникарите, но и жителите на селото, како и полицијата, биле спасени куќите од опожарување.

Во пожарот нема повредени, а во гаснењето учествувало и возило на Општина Јагуновеце кое носело резерви со вода за противпожарните возила.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он