Пожар во хотел „Гранит“ на Попова Шапка

Од:

Во хотелот „Гранит“ на Попова Шапка денеска околу пладне избувнал пожар, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите првични информации од теренот, огнот најпрво се појавил во ресторантскиот дел, за потоа да се прошири на целиот објект зафаќајќи ја и покривната конструкција.

Во гасењето на пожарот учествувале две возила на тетовската противпожарна територијална единица, а просторот го обезедуваат полицајци од полицискта станица на Попова Шапка.

– Локализирањето на пожарот е во завршна фаза и допрва претстои увид од стручни екипи кои треба да утврдат што е изгорено и евентуалните причини за избувнување на огнот, како и да се подигнат траги за вештачење, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци