Пожар во двор на тетовско основно училиште „Наим Фрашери“

Од:

Пожар кој избувнал поладнево во дворот на основно училиште „Наим Фрашери“ во Тетово каде горела трева, изгаснат е по брзата интервенција на тетовската протипожарна служба

Родители на ученици информираа дека е забележен пожарот кога доаѓале со децата кои одата во втора смена во училиштето.

-Станува збор за опожарена трева и растенија кои неконтролирано се оставени да пораснат веднаш до училишната зграда, изјавија родителите.

Од раководството на училиштето информираа дека веднаш по избувнувањето на пожарот биле повикани пожарникари кои го изгасиле огнот.

-Точно е дека избувна оган во дворот во задниот дел од училиштето. Не знаеме како настана пожарот. Веднаш дојдоа од тетовската пожарна и го изгасија огнот. Нема никаква штета по објектот или инфраструктурата, изгоре само тревата во дворот, информираа од ООУ „Наим Фрашери“.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче