Пожар во две бачила на Шар Планина

Од:

Во две бачила на планинските предели на Шар Планина, на местото „Плоча“, атар на тетовското село Сетоле, вчера пред 6 часот од засега непознати причини настанал пожар во две бачила, соопшти полицијата.

Едното, по основ на договор го користел Н.М. (37) од тетовското село Порој, а другото бачило, кое било на оддалеченост од околу 200 метри од првото бачило е сопственост на А.С. (33) од село Џепчиште, тетовско.

Од пожарот била опожарена внатрешноста на бачилата. Пожарот се изгаснал сам. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче