Пожар во четири куќи во Злокуќани, нема повредени

Од:

Пожар избувнал попладнево во скопската населба Злокуќани при што биле зафатени четири куќи.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е изгаснат навреме и оти на терен е интервенирано со 13 пожарникари и пет возила.

– Постоеше опасност од ширење на пожарот, но навремеме беше интервенирано. Нема повредени лица, изјави Томески.

Пожарот изби на улицата „Скупи бр.12“.

Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола