Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Од:

Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во Општина Дојран и сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од подружницата на ЦУК во Гевгелија, пожарот е пријавен околу 10 часот, а на терен се две противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран” со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари. Местото е обезбедувано и од едно полициско возило.

Од ЦУК – Гевгелија информираат дека гори деградирана шума и прнар, а поради ветер пожарот се шири во повеќе насоки. Засега не е преминат на територијата на соседна Грција, но е во непосредна близина на границата.

Грчките медиуми од соседен Кукуш веќе известија за пожарот кој е видлив и од нивната граница.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола