А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во близина на гевгелиските населени места Негорци и Кованец

by А1он08/08/2013 - 18:57276
Share0

На просторот меѓу гевгелиските населени места Негорци и Кованец, денеска избувна пожар.

Добивај вести на вибер

Според првичните информации, пожарот избувнал откако било запалено стрниште на нива во сопственост на жител од Негорци, во месноста наречена „Китрос“ и за кусо време се проширил на површина од 50 хектари со нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

Екипи на Територијалната противпожарна единица Гевгелија, шумското стопанство „Кожуф“, како и на Дирекцијата за заштита и спасување, веднаш излегоа на терен и се уште се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

Поради непристапниот терен гаснењето на огнот се врши само со прирачни средства, а тоа го отежнува локализирањето на пожарот. Екипите кои се наоѓаат на терен вечер ќе дежураат за да се спречи проширување на пожарот кон Негорци и Кованец, а надлежните инспекциски служби работат на расчистување на случајот и пронаоѓање на виновникот.

pozar

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен