ВИДЕО: Изгореа бараките на Институтот за политички науки во Карпош

Од:

Пожар избувна во бараките на Институтот за политички науки и Заводот за урбанизам на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.

Според првичните информации пожарот има зафатено три напуштени бараки кои се наоѓаат спроти бензиската пумпа на „Макпетрол“.

На терен интервенираа повеќе екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје кои се обидуваат да го стават пожарот под контрола, но силниот ветер ја отежнува работата.

На терен се излезени и полициски екипи, а пајак возилата ги собираат паркираните возила во близина на пожарот.

Засега нема информации за причината за пожарот и колкава материјална штета е причинета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени