Пожар во атарот на кавадаречкото село Фариш

Од:

Нискостеблеста шума и трева се зафатени од пожар во атарот на кавадаречкото село Фариш.

Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски, се интервенира со две противпожарни возила и шест пожарникари.

– Пламените јазици се на околу 200 метри под селото. Засега огнот го држиме под контрола, исјави Богевски.

Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот, зафатената површина и висината на материјалната штета.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче