Пожар повторно беснее над Струмица

Од:

Повторно беснее пожар над Струмица. Канадерите повторно ја започнаа борбата со огнената стихија.

Иако вчера пожарот на ридовите над Струмица беше целосно изгасен, поради високите температури и подземното горење, повторно се распламти ридот каде што и вчера канадерите гасеа.

После секоја интервенција на канадерите, противпожарни екипи, екипи на Комуналец и на шумското стопанство, гасат се што е останато.

Сите работат со максимално залагање, но поради 7 дневната борба со огнот, веќе се максимално исцрпени.

Ридовите се буквално соголени од моторните пили и прекопани со правење ровови за да се спречи ширење на пламените јазици.

Се презема се за да се спречи ширењето на огнената стихија и да се локализира огненото жариште на постојните локации.

„ Се надеваме дека ровоите кои се направени по ридовите со моторни пили, лопати и мотики, конечно ќе стават крај на дивеењето на огнот“, вели градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој е цело време со пожарникарите и со екипите и помага да се згаси пожарот.
Од пожарот три лица починаа, има повредени, а и уништена е драгоцена борова шума.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски