А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар покрај пругата Црвени Брегови-Стоби

by А1он25/07/2013 - 15:49118
Share0

Пожар ги зафати тревите и жбуновите покрај железничката пруга на потегот во близина на неготинското селото Црвени Брегови кон Стоби.

Добивај вести на вибер

– Според првичните сознанија пожарот најверојатно го предизвикал отпушок од цигара оти пламени јазици ја зафатиле тревата околу железничката пруга веднаш штом поминал возот по железницата. Успешно се координираат сите надлежни служби и можам да кажам дека успеавме да не се дозволи пожарот да ги зафати дрвените прагови на железничката пруга иако имаше и некои изгорени.Што е уште поважно, се успеа да се спречи ширењето на пожарот кон населеното место Црвени Брегови, изјави Сашко Јанев, секретарот во општина Неготино.

Тој истакна дека доколку изгореле дрвените прагови на пругата железничкиот сообраќај би бил во прекин.

Претставници на локалната самоуправа се на терен заедно со пожарникарите и будно ја следат состојбата и ја координираат акцијата за гаснење на пожарот.

– На терен сме со две противпожарни возила, шест пожарникари и пет работници од шумското стопанство, рече Иле Илиев, командир на противпожарната единица Неготино.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто