Пожар пеплоса куќа во селото Горенци, Центар Жупа

Од:

Во селото Горенци, општина Центар Жупа утрово целосно изгоре куќата сопственост на Адријан Имероски, но повредени нема.

Благодарение на брзата интервенција на дебарската територијална противпожарна единица спречено е проширување на пламените јазици на соседните куќи.

– Пожарот избувнал во 8 часот 20 минути по што веднаш бевме информирани и во најкус временски рок што можевме стигнавме на местото. Пожарот ја пеплоса куќата, која се наоѓа во горното маало на селото заедно со покуќнината. Неофицијално, според првичните созанија, причина за пожарот е електричната инсталација, вели Џетан Мифатроски, Командир на ТППЕ во Дебар.

Во гасењето на пожарот во првичните моменти помогнале и соседите.

Сопственикот на куќата, кој е социјален случај, неговата сопруга и двете малолетни деца, останати се под ведро небо. Штетата според него е над 50 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он