А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар пеплоса фарма во штипското село Долани

by А1он13/02/2015 - 18:38101
Share0

Во штипското село Долани доцна попладнево изгоре свињарска фарма. Семејството Смилкови во пожарот ја изгуби целата земјоделска механизација, десетина свињи и сточна храна.

Добивај вести на вибер

Јанче Смилков вели дека во пожарот му изгорело целото богатство што го имал, бидејќи во оваа фарма инвестирал со години.

– Прв пожарот го забележал нашиот сосед. Силниот оган веднаш ја зафатил фармата од над 300 метри квадратни. Во неа изгореа свињите, над 500 бали сено, трактор, приколки, алат, се. Штетата е над 20.000 евра, вели Смилков.
Комадирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиев вели дека пожарот го гаснеле со три возила и девет пожарникари.

– Настаната е голема штета. Угината е стока, уништени се машини. По повикот веднаш се упативме на терен со девет пожарникари, вели Патраклиев.

Истражните органи вршат увид на местото на пожарот, по што ќе утврдат што го предизвикало.

pozar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Горан Наумовски27/02/2026 - 18:33

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:10

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он21/02/2026 - 14:15

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен