Пожар од плинска боца во Кавадарци

Од:

Пожар од плинска боца настана попладнево во Кавадарци пришто на лице место интервенираа пожарникари од територијалната противпожарна единица од овој град.

– За среќа повредени нема. Се работи за неправилно поставена обична плинска боца за готвење, без сигурносен вентил. Наместо на метална подлога и обиколена со метални огради како заштита од ветер, во случајов боцата беше поставена на дрвено шкафче и обиколена со дрвени иверици. Од ветерот се запалила иверицата, појаснија од противпожарната служба.

Оттаму апелираа за внимателност кај населението и правилно поставување на плинските боци за готвење. Притоа нагласија дека најдобро е кога боците се поставуваат на тераси, оти тогаш и евентуалните штети се помали, во случај на експлозија или слично.

За среќа, материјалната штета не е голема. Од противпожарната служба додаваат дека ако во зима најчести се пожарите на неправилно изведени оџаци, во лето најмногу пожари има како последица од плински боци.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски