ВИДЕO: Голем пожар над селото Страчинци на Скопска Црна Гора

Од:

Пожар избувна попладнето над селото Страцинци на планината Скопска Црна Гора и се движи кон кумановското село Мојанце. Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. Зафатена е голема површина од околу три до четири километри, додаде Симоновски.

Екипите на ДЗС се на терен и го гаснат пожарот со канадери.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче