Хеликоптер на МВР ќе го гаси пожарот над село Горно Врановци

Од:

Поради зголемена опасност од навлегување на пожарот во квалитетна букова шума, за неколку минути над селото Горно Врановци, ќе полета хеликоптер на МВР со големо ведро од три тона, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Како што појаснуваат од ЦУК, се работи за пожар на поголема надморска височина од над 1.200 метри.

Претходно, беше информирано дека директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, утрово бил дел од хеликоптерско извидување на пожарот на планината Јакупица на просторот меѓу општините Чашка и Богомила.

– Во текот на доцните попладневни часови во вчерашниот ден, пријавен е пожар над село Горно Врановци, општина Чашка. Пожарот е сериозен, гори трева, но, веќе на некои места е навлезен во шума. Можеби ќе има потреба од дополнителна хеликоптерска интервенција, изјави тогаш Ангелов.

Тој додаде дека екипа на ЈП „Национални шуми“ се обидува да воспостави контрола.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати