Пожар над рудникот Ржаново

Од:

Пожар го зафати надповршинскиот коп на рудникот Ржаново под планината Кожуф. Гори површина од околу пет хектари, а надлежните стравуваат дека огнот може да се прошири на високостеблестата шума.

– Пламените јазици се закануваат да ја зафатат високостеблестата шума од црн бор и бука. Со сите сили се обидуваме да го спречиме тоа и да го ставиме огнот под контрола, Петко Ристовски од кавадаречката подружница на „Македонски шуми”.

Според него, засега се на терен две екипи од подружницата „Бор” од Кавадарци, а се очекува и дополнителна помош од работници за гаснење на пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче