Пожар на Витачево, горат трева и дабова шума на околу 20 хектари

Од:

Пожар зафати трева и дабова шума на околу 20 хектари на висорамнината Витачево. Огнот почнал  кај станицата на селото Драгожел.

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци потврдија за МИА дека на местото засега интервенираат четворица пожарникари со едно возило.

-Околу час и половина се бориме со огнот. Во таа борба многу ни одмага ветерот кој го има во моментов на висорамнината, рекоа од единицата.

Очекуваат поддршка во гаснењето на пожарот од работници на подружницата на ,,Македонски шуми”.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија