А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар на Криволак

by А1он25/07/2013 - 20:38180
Share0

Пожарот што попладнево избувнал на армискиот полигон Криволак, во месноста Караоџали, е локализиран, информираат од Генералштабот на АРМ.

Добивај вести на вибер

– Точно е дека има пожар во полигонот Криволак предизвикан по изведување вежбовни активности, потврди портпаролот на ГШ на АРМ Мирче Ѓоргоски. Вежбовните активности се изведувале на поголема надморска височина каде што имало и пошумен терен.

Војниците веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот што се ширел од ветерот, побарана е помош од единицата од Штип, повикани се пожарникари од неготинската територијална единица, ангажирани се хелихоптери, а на барање на Генералштабот на АРМ Дирекцијата за заштита и спасување активира два од своите авиони.

Од Дирекцијата соопштија дека е во тек акцијата за гаснење на пожарот.

Командирот на неготинската противпожарна единица Иле Илиев изјави дека во околината на месноста „Караоџали” гореле сува трева и џбунести растенија.

– Испративме едно противпожарно возило и тројца пожарникари со оглед на тоа што останатиот дел од нашата противпожарна екипа е на локализирање на пожарот што избувна на железничката пруга на потегот од селото Црвени Брегови кон Стоби, рече Илиев.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто