Пожар на депонија во близина на бензинска во Градско

Од:

Пожарникарите од ТППЕ Велес, по пријавата на 112 и координацијата од Секторот за операции и координација во ЦУК, за појава на густ и темен чад во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, изгаснале депонија, на којашто најмногу гореле запалени гуми информира Центарот за управување со кризи.

– Интервенирано е конбинирано, со противпожарни средства, а потоа комуналното претпријатие ЈКП „Клепа Градско“ интервенирало со затрупување на опожареното место, по што пожарот е локализиран, а дежурни останале за да се следи состојбата до крајот на денот, се вели во соопптението.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола