Пожар кај Рафинеријата ОКТА

Од:

Гори во близината на рафинеријата ОКТА. Поради опасноста од експлозии,поради близината на плинарата, и ширење на огнените јазици, на терен се противпоќарни екипи,кои се борат да го стават огнот под контрола, а во гаснењето се вклучени и авионите на ДЗС.

Зафатена е сува трева и стрниште.

Активен е и пожарот во месноста Биљак во атарот на селото Танушевци се уште е активен. Поради непристапниот терен, местото е недостапно за возила на БППЗ. Заради интензитетот на пожарот, општинските власти во општина Чучер Сандево испратија барање за ангажирање на авионите за гаснење.

Пожарите во атарот на селата Радуша и Гургурница се уште се активни.

Пожарот покрај пругата Гевгелија-Миравци е ставен контрола Зафатена е површина од околу 7-10 км, во должина покрај самата пруга. Од пожарот предизвикана е материјална штета.

Железничкиот сообраќај сеуште е во прекин, а патниците се прифаќаат од Миравци до Гевгелија со автобус.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип